За 1.700 тони исплатени 1,7 милиони евра

Bez autora
May 16 2011

Тутунопроизводителите од општините Велес, Чашка и Градско се опарија. Во изминативе два дена 1.560. производители ги добија субвенциите за предадените 1.700 тони тутун. Владата обезбеди вкупно субвенции од милион и 700 илјади евра или за секој предаден килограм од жолтото злато по едно евро. Најмногу се опарија тутунопроизводителите од селата Бузалково, Оризари, Иванковци и Чашка, кои предадоа и најголеми количества тутун. Од подрачната единица на Министерството за земјоделие велат дека целокупниот род на тутун во определениот рок го откупија и на производителите им го платија компаниите "Соцо мак" од Битола, "Агро алијанса" од Кавадарци, "Струмица табак" и "Центро табак" од Велес. Покрај тутунопроизводителите за поднесени над 4.000 барања, по сите основи, субвенции за 2010 година ги добија и 2.300 земјоделци.

За 1.700 тони исплатени 1,7 милиони евраТутунопроизводителите од општините Велес, Чашка и Градско се опарија. Во изминативе два дена 1.560. производители ги добија субвенциите за предадените 1.700 тони тутун.

Владата обезбеди вкупно субвенции од милион и 700 илјади евра или за секој предаден килограм од жолтото злато по едно евро. Најмногу се опарија тутунопроизводителите од селата Бузалково, Оризари, Иванковци и Чашка, кои предадоа и најголеми количества тутун. Од подрачната единица на Министерството за земјоделие велат дека целокупниот род на тутун во определениот рок го откупија и на производителите им го платија компаниите "Соцо мак" од Битола, "Агро алијанса" од Кавадарци, "Струмица табак" и "Центро табак" од Велес.

Покрај тутунопроизводителите за поднесени над 4.000 барања, по сите основи, субвенции за 2010 година ги добија и 2.300 земјоделци.

Со воведувањето на субвенциите и давањето под концесија на повеќе од 8.000 хектари државно плодно земјиште интересот кај земјоделците и сточарите во овие три општини значително се зголеми. Во 2008 година имало 1.300 апликанти, кои поднеле 2.000 барања додека минатата година нивниот број изнесува 2.300, со поднесени над 4.000 барања. За оваа година, според Антонио Трајковски, раководител на подрачната единица во Велес, се очекува бројот на земјоделците, по сите основи, да биде зголемен за нови 500 до 700 земјоделски производители.

Инаку, моментално во подрачната единица се врши поднесување на потребната документација за користење средства од програмата за финансиска поддршка во земјоделството за годинава. Досега, по сите основи, аплицирале над 2.200 и се очекува да аплицираат над 2.600, што е за 300 повеќе од лани.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik